Изборниот процес ќе биде повторен во целост / Photo: AA

Уставниот суд на Романија денеска го поништи вториот круг од претседателските избори закажан за 8 декември и резултатите од првиот круг од изборите одржани на 24 ноември.

“Изборниот процес ќе продолжи во целост, а Владата ќе определи нов датум за избор на претседател”, се наведува во соопштението на судот.

Како што објавуваат дел од медиумите повикувајќи се на извори во судот, одлуката е донесена откако новите докази покажале дека претседателските избори на 24 ноември биле нерегуларни.

Одлуката на судот дојде откако Врховниот совет за национална одбрана во средата ги декласифицира документите на тајната служба кои покажуваат мешање на државните служби во изборниот процес во Романија.

TRT Balkan / агенции
Популарни