Воена вежба со 2 000 војници од 13 НАТО членки и земји партнери

Воена вежба со 2 000 војници од 13 НАТО членки и земји партнери

Вежбата до 21 април ќе се одвива на брегот на Црното море и делтата на Дунав во Романија.
Вежбата „Морски штит“ се одржа и минатата 2023 година / Photo: Reuters

Над 2.200 војници и 135 поморски и речни пловни објекти, авиони и возил од 13 земји членки и партнери на НАТО од денеска до 21 април ќе учествуваат во вежбата наречена „Морски штит“ на брегот на Црното Море и делтата на Дунав во Романија.

Вежбите почнаа утрово во романското пристаниште Констанца.

Во вежбата учествуваат Туркије, Романија, Бугарија, Франција, Грузија, Грција, Италија, Велика Британија, Молдавија, Холандија, Полска, Португалија и САД.

Целта на вежбите е подготовка за борба против нелегалните активности на море и на копно, пребарување и спасување на море и обезбедување безбедност на критичната инфраструктура, соопшти романската морнарица.

Во соопштението се наведува дека „Морски штит“ е најкомплексната обука што оваа година ја спроведува романската морнарица.

Популарни