Здравствените власти предупредија дека земјата влезе во нов бран на вирусот      Фото: Ројтерс

Бројот на случаи на Ковид-19 во Јужна Кореја повторно е во пораст поради многу заразната нова подваријанта омикрон во источноазиската земја, објавија во четвртокот локалните медиуми.

Јужна Кореја регистрираше 39.196 нови случаи на инфекција во последните 24 часа, што е највисока дневна бројка за една недела, со што бројот на заразени се искачи на повеќе од 18,6 милиони, објави новинската агенција Јонхап.

Со уште 16 смртни случаи, вкупниот број на починати од вирусот исто така се искачи на 24.696.

Според Корејската агенција за контрола и превенција на болести, многу заразната омикронска подваријанта BA.5 брзо се шири во земјата.

Здравствените власти предупредија дека земјата влезе во нов бран на вирусот и ги повикаа луѓето да носат маски и покрај олеснувањето на ограничувањата за социјално дистанцирање минатиот месец.

AA
Популарни