Јужна Кореја ја укина воената состојба - парламентот против одлуката на Јун

Јужна Кореја ја укина воената состојба - парламентот против одлуката на Јун

190 пратеници во 300-члениот парламент го изгласаа против потегот на претседателот
Јун воведе воена состојба која стапи на сила првпат по 45 години / Photo: AA

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол денеска отстапи од својата одлука да воведе воена состојба, која беше отфрлена од мнозинството пратеници.

„Воената состојба ќе биде укината веднаш со прифаќање на барањето на Националното собрание (Парламентот) преку состанок на Државниот совет (Кабинетот)“, рече Мун во второто национално обраќање неколку часа по прогласувањето воена состојба за како што рече да се спаси земјата од антидржавните сили.

Јун воведе воена состојба која стапи на сила првпат по 45 години. Сепак, 190 пратеници во 300-члениот парламент го изгласаа против потегот на претседателот.

Луѓе на улиците прославуваа откако Јун рече дека ќе ја почитува одлуката на парламентот.

Јун, исто така, рече дека војниците се повлекле од парламентот.

TRT Balkan / агенции
Популарни