За три дена во обилните дождови што ги зафатија главниот град на Јужна Кореја, Сеул и неговите околни региони, животот го загубија девет, а исчезнаа седум лица.
Новинската агенција „Јонхап“ објави дека повеќе од 2.500 домови и објекти, главно во Сеул, се поплавени поради обилните дождови кои траат три дена.
Според податоците на Владата, девет лица загинаа, пет во Сеул, три во провинцијата Кјанги и едно во провинцијата Гангвон, додека седум други лица исчезнале, четворица од Сеул и три од Кјанги.
Покрај тоа, поради обилните дождови повредени се 17 лица.
Властите, истакнувајќи дека приближно 570 лица од 398 домаќинства, главно од Сеул, се раселени, нагласија дека 1.253 лица од 724 домаќинства се привремено евакуирани низ целата земја.
Метеоролошката управа на Кореја, наведувајќи дека поројниот дожд од денеска го загубил интензитетот во регионот на Сеул, издаде предупредување за силен дожд во провинцијата Чунгчеонг и во централните региони на земјата.