Јужна Кореја донесе закон за забрана на кучешкото месо / Photo: AA

Јужнокорејскиот парламент во вторникот усвои закон за забрана на трговија со кучешко месо до 2027 година.

Имаше 208 гласа „за“ и двајца воздржани за нацрт-законот, со кој се забранува одгледување, дистрибуција и продажба на кучиња за месо, објави Јонхап њуз“.

Спроведувањето на законот ќе започне во 2027 година, а прекршителите може да се соочат со максимална затворска казна од две години или парична казна до 30 милиони вони (22.768 долари).

Владејачката Партија на моќта на народот и главната опозициска Демократска партија заеднички се заложија за забраната, бидејќи се вели дека опаднала продажбата на кучешкото месо во рестораните во последните неколку децении.

AA
Популарни