Јужнокорејскиот парламент вечерва гласаше претседателот Јун Сук Јеол да ја укине итната вонредна состојба, објавуваат тамоѓните медиуми.
Според Уставот на земјата, вонредната состојба мора да биде укината кога тоа ќе го побара парламентарното мнозинство.
Од 300 членови на парламентот, 190 беа присутни и сите гласаа за предлогот со кој се бара укинување на воената состојба.
Со усвојувањето на предлогот, прогласувањето за вонредна состојба е неважечко, велат од кабинетот на собранискиот спикер.
Јун, во телевизиско обраќање денеска попладне прогласи вонредна состојба, велејќи дека чекорот е неопходен за да се заштити земјата од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи.
TRT Balkan / агенции