До 2050 година Велика Британија планира да изгради 8 нови реактори во некоја од нејзините нуклеарни локации Фото: Ројтерс

Велика Британија и Франција партнерски ќе градат нова нуклеарна електрана во британскиот град Суфолк. Ова доаѓа среде енергетската криза и порастот на сметките за електрична енергија главно предизвикани од војната што Русија ја започна во Украина. Велика Британија одлучи дека сака да го забрза развојот на нуклеарните електрани.

Токму затоа британската Влада објави дека проектот за изградба на новата нуклеарна електрана во Суфолк, чиј главен партнер се Електрани на Франција, мултинационална компанија во доминантна државна сопственост, добил зелено светло од министерот за енергетика Кваси Квартенг.

„Проектот вклучува изградба на нова електрана која ќе произведува електрична енергија со низок удел на јаглен со што би и се помогнало на земјата во постигнување на целта за независност од употреба на јаглен до 2050 година”, се наведува во соопштението за јавност.

Електраната ќе може да снабдува шест милиони домаќинства. Лондон го постави нуклеарниот развој како еден од приоритетите на својата енергетска стратегија. Сепак дел од 15 реактори нема да можат уште долго да бидат во функција. Уште една нуклеарна електрана во моментот се гради , но поради порастот на трошоците нема да биде во функција до 2027 година.

До 2050 година Велика Британија планира да изгради 8 нови реактори во некоја од нејзините нуклеарни локации. Поентата на нивната изградба е снабдување на пазарот со 25 проценти од побарувачката за електрична енергија.

Новата нуклеарна електрана е проект чија вредност британскиот печат ја проценува на над 20 милијарди фунти. Неа ја сочинуваат два реактори со јачина од 3,2 Гигават/часови.

TRT Balkan
HINA
Популарни