Велика Британија: Почна најголемиот штрајк во последната деценија

Велика Британија: Почна најголемиот штрајк во последната деценија

Повеќе од половина милион британски работници учествуваат во штрајкот.
Велика Британија: Почна најголемиот штрајк во последната деценија / Photo: AA

Десетици илјади наставници, универзитетски персонал и предавачи, машиновозачи и други државни службеници од различни области се приклучија на државниот штрајк денес во Велика Британија. Ова се смета за најголем штрајк во последната деценија.

Штрајк од овие размери одржан е во 2011 година кога поради спор за плати протестираа повеќе од милион работници.

Националниот синдикат за образование објави дека околу 300.000 наставници само во Англија се во штрајк, бидејќи од 2010 година имаат намалување на реалните плати за најмалку 23 отсто. Наставниците бараат зголемување на платите кое ќе биде поголемо од двоцифрената стапка на инфлација во земјата.

Конгресот на синдикатите (TUC), кој ги претставува сите синдикати во земјата, најави протести ширум Велика Британија за денес.

Се очекува дека повеќето ќе се приклучат на националните демонстрации против владиниот закон против штрајк кој вчера е усвоен во Долниот дом на Парламентот.

Нацрт-законот наметнува ограничувања за штрајковите во одредени сектори, бидејќи Владата, иако го поддржува правото на штрајк, смета дека мораат да го земат в предвид интересот на јавноста.

Одбивањето на работата на денот на штрајкот, според новиот закон, би можело да доведе до отпуштање на работници за што синдикалците тврдат дека е недемократски, неизводливо и незаконски.

TRT Balkan / агенции
Популарни