„Висечкото село” во Бангладеш     Фото:  Zakir Hossain Chowdhury / TRTWorld

Не така одамна Калабоги, приморско село во Бангладеш, било полно со обработлива земја се додека растечкото ниво на морето не почнало да го голта подрачјето се до Бенгалскиот залив.

Честите циклони и поплави го погодија селото во доцните деведесети години од минатиот век, во 2009 година голем циклон по име Аила уништи 1400 километри насип во земја, 8 800 километри патишта и околу 350 000 хектари обработливо земјиште. Во катастрофата наводно загинале неколку стотици луѓе. Најмногу се погодени земјоделците од Калабоги.

Бидејќи поголемиот дел од обработливото земјиште беше потопено во вода, жителите на Калабоги изградија нови куќи со бамбусови столбови, два метри над земјата. Со оглед дека земјоделското земјиште го нема, земјоделците преживуваа од собирање мед и заминува во Сундарбан да ловат ракчиња.

Но, Владата на Бангладеш потполно го забрани ловот на ракчиња и со тоа им го оневозможи и тој начин на заработувачка.

„Нашиот главен извор на приходи за живот беше ловењето на ракчиња во река. Откако Владата го забрани тоа, ние сме без работа”, рече 46-годишниот Џамал-уд-дин.

Жителите на селото Калабоги заглавени се во вода     Фото: (Zakir Hossain Chowdhury / TRTWorld)

Неговита двајца синови не можеа да го поднесат товарот на невработеноста и мигрираа во најблискиот град Кулна, каде еден работи во циглана, а другиот се вработи како трговец.

Според Акас Шеик – жител на Калабоги, ерозијата на тлото почнала во далечната 1988 година.

„Од тогаш постојано ја губевме земјата за сметка на реката, а откако загубивме сè, ги изградивме своите куќи од бамбус”, рече Шеик.

„Се плашиме за нашата следна генерација”.

Фото: (Zakir Hossain Chowdhury / TRTWorld)

Бангладеш е трет во светот по бројот на луѓе раселени поради природните катастрофи и други судири. Најмалку 4,4 милиони луѓе се бездомници поради судирите и климатските промени, според Глобалниот извештај за внатрешна раселеност 2021 кој го состави Центарот за следење на внатрешните раселувања (IDMC), непрофитна организација во Швајцарија.

Според извештајот на Светска банка, 10 до 13 милиони луѓе ќе бидат присилени да го напуштат Бангладеш до 2050 година поради климатските промени.

Бангладеш исто така е седма земја по чувствителноста на климатските промени, според Глобалниот индекс на климатските ризици 2021. CRI врз основа на анализа на податоците од 20 години, од 2000 до 2019 година, вели дека поради климатските промени Бангладеш загуби 11.450 луѓе, претрпе економски загуби во вредност од 3,72 милијарди долари и сведочеа 185 преживеа 185 екстремни метеролошки настани во периодот 2000-2019.

Со пораст на нивото на морето, солената вода навлегува на тлото и влијае на водата за пиење и почвата.

Во текот на циклонот Аила, солената вода влезе во езерата на Калабоги и каналите. Како резултат на тоа, изворите на питката вода во тоа подрачје се намалени. Сега луѓето пешачат на голема одалеченост за да дојдат до вода за пиење.

Фото: (Zakir Hossain Chowdhury / TRTWorld)

Лошиот квалитет на водата предизвика бројни кожни болести во регионот. Трудниците станаа склони на неуспешни бремености.

Повеќето семејства во Калабоги ги изгубија свои домови поради поплавите и циклоните, не еднашо туку најмалку пет до седум пати.

„Видов дека куќата седум пати ми исчезнува”, рече 62-годишниот жител на Калабоги, Селим Шеик.

TRT World
Популарни