Владимир Путин му подари руски автомобил на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин му подарил автомобил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради растечките односи меѓу Москва и Пјонгјанг, објавија во севернокорејските медиуми.

„Автомобилот од руско производство е за лична употреба на Ким“, објави КЦНА од Пјонгјанг.

Се вели дека руската страна им го подарила автомобилот на претставниците на севернокорејската владејачка партија, вклучително и на Пак Јонг Чон и на сестрата на Ким, Ким Јо Јонг во неделата.

Ким му се заблагодари на Путин, велејќи дека подарокот „служи како јасен показател за посебните пријателски односи меѓу врвните лидери“ на двете земји.

Не се наведени ниту името на компанијата за производство, ниту моделот на автомобилот.

Подарокот на Путин за Ким дојде во моментот кога билатералните односи меѓу двете нации се нарушија за време на руската „специјална воена операција“ во Украина.

САД и Јужна Кореја ги осудија подобрените односи меѓу Москва и Пјонгјанг, додека Сеул минатата година објави дека Русија и помогнала на Северна Кореја успешно да го лансира својот сателит.

Вашингтон, исто така, тврди дека Северна Кореја испорачала повеќе од 1.000 контејнери со воена опрема и муниција, вклучително и балистички ракети.

AA
Популарни