Во Грција беснеат шумски пожари / Photo: AA

Поголем број шумски пожари, кои беснеат веќе три дена на многу места во Грција, не можат да се стават под контрола и покрај сите напори на екипите на теренот.

Пожарите во подрачјето на Лутраки и Мегара, во близина на главниот град Атина, се проширија под влијание на ветрот.

Најмалку 50.000 хектари шума и земјоделско земјиште, како и голем број куќи и возила се уништени во пожарот што го зафати регионот Атика.

Поради претпазливост, некои автопатишта се затворени за заштита на рафинеријата за нафта во близина на Атина. Евакуирани се некои населби.

Грчката метеоролошка служба предупреди дека и денес е голема опасноста од пожари.

Се очекува топлотниот бран да го достигне својот врв во четврток и петок.

Премиерот Киријакос Мицотакис се очекува денес да пристигне во Националниот центар за координација со операции на цивилната заштита и управување со кризи за да добие информации за моментната состојба во врска со пожарите.

Василис Кикиљас, министер за климатски кризи и цивилна заштита, претходно информираше дека две лица се приведени во врска со пожарите.

Европската Унија (ЕУ) одлучи да испрати четири канадери во Грција.

TRT Balkan / агенции
Популарни