Зголемен бројот на загинат во израелските напади на Западен Брег/ Фото: AA

Бројот на загинати Палестинци во дводневните напади на израелските сили врз градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, се зголеми на 12.

Министерството за здравство на Палестина соопшти дека во дводневните напади на градот Џенин и бегалскиот камп Џенин од воздух и од копно, израелските сили убиле 12 Палестинци, додека 120 лица се повредени, од кои 20 потешко.

Напад од воздух при повлекување од кампот

Израелската војска од воздух бомбардирала „вооружена група“ која се повлекувала од бегалскиот камп Џенин, што го држела под опсада околу 48 часа.

Во соопштението на израелската војска во врска со нападот се наведува дека „безбедносните сили за цел ја имале вооружената група со поединци кои им претставувале закана додека го напуштале кампот Џенин“.

Сѐ уште нема информации од здравствените извори на кампот дали има смртни случаи или повредени во овој напад.

Израелската војска се повлекува

Синоќа во вечерните часови е забележано како конвој од бројни оклопни возила на израелската војска го напушта бегалскиот камп, што беше под опсада 48 часа, и тргнува кон градот Џенин.

Официјалните претставници на израелската војска синоќа потврдија за Анадолу дека нивните трупи почнале да се повлекуваат.

Израелската војска изврши напад на градот Џенин и бегалскиот камп Џенин во понеделникот на 3 јули и го опколи подрачјето.

AA
Популарни