Најмалку седум лица загинаа во оружен напад во црквата на Јеховините сведоци во Хамбург, северна Германија.
Како што соопшти полицијата, пукањето се случило во областа Грос Борстел во Хамбург.
Според првичните информации, меѓу загинатите е и напаѓачот. Во нападот се ранети осум лица.
Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден, а истрагата е во тек.
TRT Balkan / агенции