Во САД нема да може легално да се купи оружје со 18 години     Фото: АА

Во САД нема да може легално да се купи оружје на возраст од 18 години и согласно новата законска регулатива возраста е зголемена на 21 година. Ова е само дел од промените на законот за контрола на оружјето кој е во процедура на донесување по серијата масовни убиства во училишта низ земјата.

Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) го прифати Предлог-законот за регулирање на оружјето за кој се договорија двете партии и го достави на одобрување до Претставничкиот дом.

Предлог-законот за регулирање на оружјето, за кој се согласија републиканците и демократите во Сенатот, синоќа беше изгласан во Генералното собрание на Сенатот.

Беше усвоен со 65 гласа „за“ наспроти 33-те гласа „против“ на републикански сенатори.

Предлог-законот, поднесен на одобрување до Претставничкиот дом, вклучува зголемување на возраста за купување оружје од 18 на 21 година. Од друга страна, во Предлог-законот е предвидено да се воведат одредени ограничувања за набавка на оружје за лица со претходна историја на семејно насилство.

Доколку Предлог-законот добие одобрение од Претставничкиот дом, ќе биде поднесен до американскиот претседател Џо Бајден, за да биде одобрен.

AA
Популарни