Во Сирија неутрализирана одговорната за финансии на терористичката ПКК/ЈПГ / Photo: AA

Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) во Сирија ја неутрализираше Туба Каракоч, т.н. одговорна за финансиските активности на терористичката организација ПКК/ЈПГ за подрачјето на Кобани (Ајн ал-Араб).

Безбедносни извори потврдија дека Каракоч, која го користела кодното име „Зин Кобани/Џуди Егид/Сорксвин“, во терористичката организација пристапила во 2013 година, учествувајќи во терористички активности во Туркије, Ирак и Сирија.

Каракоч учествувала во подготовките на терористичките напади во Туркије, а поради нејзините задолженија за финансии во рамките на терористичката структура, се движела и на релацијата Сирија - Ирак.

Како резултат на активното следење од страна на турската разузнавачка структура, со успешна операција Каракоч е неутрализирана во сирискиот регион Сирин/Ајн Иса.

Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК на територијата на Туркије, но и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.

Анкара во 2016 година спроведе три успешни големи антитерористички операции преку границите, на територијата на Сирија со цел да се спречи формирање терористички коридор, и на раселените да им се овозможи мирно да се вратат во своите домови.

„Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имињата на операциите во кои од терористичка окупација во северните делови на Сирија е ослободено пошироко подрачје покрај пограничниот појас со Туркије.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

TRT Balkan / агенции
Популарни