Во запален автобус загинаа најмалку 18 жртви од поплавите во Пакистан

Во запален автобус загинаа најмалку 18 жртви од поплавите во Пакистан

Локалните медиуми објавија дека автобусот превезувал 80 луѓе и патувал од Карачи до Хаирпур Натан Шах
Во автобусот имало луѓе погодени од поплавите          Фото: АА

Најмалку 18 лица загинаа, меѓу кои осум деца во пожар што избувна во автобус кој превезувал жртви од поплавите во пакистанската провинција Синд. Засега нема информации за причините за избувнување на огнот.

Локалните медиуми објавија дека автобусот превезувал 80 луѓе и патувал од Карачи до Хаирпур Натан Шах. Се запали во близина на градот Нуриабад. Во автобусот имало луѓе погодени од поплавите. Има и повредени. Истрагата за овој инцидент е во тек.

TRT Balkan / агенции
Популарни