Според Захарова подготвена е баталјонска тактичка група / Фото: AA

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во средата изјави дека Франција може да испрати до 1.500 војници во Украина во април.

Говорејќи на брифингот со новинарите во Москва, Захарова рече дека командниот штаб на француската легија на странци формирал на почетокот на март баталјонска тактичка група со намера да ја испрати во Украина.

„Постојано се појавуваат нови разузнавачки информации за активната подготовка на Париз на воен контингент за испраќање во Украина. За таа цел, командата на француската легија на странци на почетокот на март одобри состав на баталјонска тактичка група од околу 1.500 луѓе. Групата се очекува да биде ставена во состојба на целосна борбена готовност за воздушен транспорт до украинскиот fфронт за операции во април“, рече таа.

Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон одби да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина, идеја која сојузниците ја отфрлија.

Сергеј Наришкин, шеф на руската служба за надворешно разузнавање, тврди дека Франција почнала да подготвува околу 2.000 војници за распоредување, додека дел од француската војска веќе се бори во Украина.

AA
Популарни