Започната истрага за вонсудски убиства од британските војници во Авганистан / Photo: AA

Судијата во Велика Британија денес започна независна истрага за наводите за десетици вонсудски убиства од британски војници во Авганистан.

Говорејќи пред новинарите во Лондон, судијата Хадон-Кејв, шеф на истрагата, упати повик да истапи секој што има докази.

„Критично е оние што го прекршиле законот да бидат упатени до властите за угледот на вооружените сили и на земјата“, нагласи тој, мислејќи на исклучително сериозните тврдења за повеќе од 50 вонсудски убиства од војниците од британската Специјална воздушна служба (SAS) во Авганистан.

„Или наводите се невистинити или ако некои од нив се вистинити, тогаш војската и земјата можат да ја држат главата високо и да кажат дека го разгледале ова правилно и темелно. Во крајна линија, станува збор за угледот“, рече Хадон-Кејв.

Минатиот декември британското Министерство за одбрана нареди независна истрага откако во телевизискиот документарец на Би-би-си беше објавено дека војниците од САС убиле десетици луѓе за време на рациите извршени од една ескадрила на САС во Хелманд во период од 2010 до 2011 година.

„Би го повикал секој што има какви било информации или материјали, за кои мисли дека може да бидат релевантни за истрагата, да стапи во контакт со истражувачкиот тим колку што е можно поскоро“, додаде Хадон-Кејв.

TRT Balkan / агенции
Популарни