Палестински тинејџер е убиен во четвртокот од истрели од израелската армија во градот Рамала во Западен Брег, соопштија палестинските власти.
„Тинејџерот Калид Раед Салех Ароук (16) е застрелан во градите од боева муниција на израелските окупатори во Рамала“, се вели во соопштението на палестинското Министерство за здравство.
Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија извршила рација во неколку куќи во градовите Рамала и Ал-Бирех на Западниот Брег.
Избија и судири меѓу израелските сили и десетици Палестинци при што војската употребила боева муниција.
Израелски војник пукал во палестинско девојче на северниот влез на градот Хеброн.
Тензиите низ окупираниот Западен Брег се засилија откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа во која загинаа над 34.200 луѓе по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.
Најмалку 489 Палестинци оттогаш се убиени, а над 4.800 други се повредени од истрели на израелската армија на окупираниот Западен Брег.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремена одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе биде обезбедена за цивилите во Газа.