Сериозни предизвици во здравствто стојат пред многу европски земји / Photo: AA

Некои европски земји се соочуваат со тешка зима поради зголемен притисок врз здравствените системи во услови на штрајкови, недостиг на лекови и пораст во исполнетоста на болничките капацитети.

Иако Европа се фокусира на политички и економски прашања како што е руската војна против Украина, неизвесноста за цените на енергијата и трошоците за живот, здравјето стана важна точка на агендата за многу европски земји.

Зголемувањето на случаите на грип и коронавирус, како и штрајковите на здравствените работници, одиграа голема улога во зголемувањето на притисокот врз здравствените системи што предизвикаа долги редици во болниците и ги исполнија болничките капацитети повеќе од очекуваното.

Зголемениот број на инфекции на горните дишни патишта е дефиниран како „трипл демија” во некои земји како Франција, додека Велика Британија моменталната ситуација ја означи „твиндемија”.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека „епидемијата на сезоната на грип започнува рано во Европа“ и земјите сега се обидуваат да го олеснат товарот на здравствените системи.

Еве ја најновата ситуација во некои европски земји:

Франција

Додека се бориме со „триплдемијата“ на коронавирус, грип и бронхитис, во Франција се случија голем број на протести и штрајкови на медицинскиот персонал. Протестирајќи за подобри плати и услови за работа, лекарите по општа медицина стапија во штрајк од декември минатата до почетокот на јануари оваа година.

Покрај зголемениот број на пациенти, недостигот на персонал и вирусите карактеристични за зимскиот период кои ги полнат одделенијата за итни случаи, недостигот на лекови е уште еден тековен проблем. Парацетамолот и детските антибиотици тешко се наоѓаат во аптеките. Министерот за здравство Франсоа Браун изјави дека на Франција и се потребни два месеци за да ги надополни резервите на антибиотици за децата.

Грција

Зголемениот број на пациенти кои страдаат од Ковид-19 и грип доведе до недоволен број единици за интензивна нега и детски лекари.

Експертите повикаа да се преземат „итни превентивни мерки“ поради значителниот пораст на респираторните инфекции. Здравствените власти предупредија дека стапките на пополнетост во повеќето детски болници веќе го достигнуваат максимумот. Информациите од таму се дека се пополнети 80 проценти од болничките кревети. Грција се соочува со недостиг на лекови

Велика Британија

Велика Британија повторно стана „болниот човек на Европа“. Таму се случуваат голем број штрајкови и здравствениот систем е во криза.

Тим Куксли, шеф на Здружението за акутна медицина изјави дека Националната здравствена служба (NHS) е под поголем притисок отколку за време на врвот на пандемијата на Ковид-19.

Зголемувањето на случаите со Ковид и грип, како и штрајковите на здравствениот персонал го отворија патот за долги редици во службите за несреќи и итни случаи долго време на чекање за брза помош и трагични смртни случаи.

Друга впечатлива бројка е листата на чекање на која има повеќе од 7 милиони луѓе.

Штрајк најавија медицинските сестри и вработените во итната медицинска помош.

Швајцарија

Швајцарската здравствена асоцијација предупреди на криза во одделот за итни случаи по затворањето на итната помош во болницата Мартињи.

„Ова е само почеток“, рече Винсент Риборди, копретседател на Швајцарското здружение за итна медицина.

Според Риборди, одлуката за затворање на одделот е резултат на недостигот на квалификуван кадар, што е проблем кој е познат веќе неколку години, рече тој во интервјуто.

Германија

Најголемата економија на ЕУ, исто така, се бори со недостиг на лекови поради проблеми во синџирите на снабдување и одложувањата во распоредот за испорака.

Според Германското здружение за хематологија и медицинска онкологија (DGHO), лековите за рак на дојка сè помалку ги има.

Германците, исто така, се соочуваат со недостиг на одредени лекови за повишена температура и антибиотици. Здравствените власти минатиот месец предупредија на бран на акутни респираторни заболувања.

„Во моментов сите области на здравствена заштита го достигнуваат својот лимит“, изјави Џералд Гас, шеф на одборот на Здружението на германски болници. Како и многу други земји, порастот на инфекциите на почетокот на зимата предизвика одделенијата за интензивна нега да се борат под товарот.

Шпанија

Како и Велика Британија, Шпанија е земја во која пациентите треба да чекаат со денови за да бидат примени во болниците.Собите за итни случаи се преполни, според извештаите на 11 јануари. Министерката за здравство Каролина Даријас ја нарече сегашната состојба постпандемиска ситуација и ги повика регионалните влади да се свртат кон дијалог со здравствениот персонал за да го решат тековниот штрајк. Во октомври, лекарите во различни региони повикаа на штрајк во првите месеци од 2023 година поради условите за работа. Според извештаите, на Шпанија и се потребни 30.000 лекари и 130.000 медицински сестри за да обезбеди навремена нега.

Австрија

Напливот на случаи со КОВИД го зголеми притисокот врз здравствениот систем во Австрија.

На 9 јануари беше објавено дека две деца, кои не страдале од претходни болести, починале од грип во Универзитетската болница Кеплер во Линц. Од болницата, каде што во моментов се лекуваат голем број деца и млади луѓе од грип, соопштија дека стапката е зголемена.

Данска

Грипот и Ковид-19 во оваа земја заземаат епидемиски размери. Околу 1.400 луѓе починале во текот на последната недела од 2022 година, најмалку 30% повеќе од проценките, според Агенцијата за заразни болести во земјата.

Белгија

Националниот институт за јавно здравје, официјално прогласи епидемија на грип на 4 јануари.

„Грипот веќе некое време се врати во нашата земја, но сега се исполнети сите критериуми за да може да се зборува за епидемија на грип“, се вели во соопштението.

Повеќе од еден од пет пациенти кои посетиле лекар од примарната здравствена заштита поради симптоми слични на грип биле позитивни на тестот за грип, според извештаите.

Во својот последен неделен извештај за Ковид, Европскиот центар за превенција и контрола на болести рече дека сè уште има значителна активност на Ковид-19 во болниците во некои земји.

TRT Balkan / агенции
Популарни