Зеленски со декрет го назначи Алексеј Симоненко за вршител на должноста главен обвинител      Фото: Ројтерс

Претседателот на Украина Влaдимир Зеленски во неделата ги разреши главниот државен обвинител и шефот на службата за државна безбедност.

„Денеска донесов одлука за разрешување на јавниот обвинител (Ирина Венедиктова) и за разрешување на шефот на Службата за безбедност на Украина (Иван Баканов)“, објави Зеленски.

Тој рече дека ќе бидат оценети конкретните дејствија и „секое недејствување“ од страна на службениците во безбедносниот сектор и агенциите за спроведување на законот.

„До денес, регистрирани се 651 кривична постапка поврзана со предавство и колаборативни дејствија на вработени во обвинителствата, телата на предкривичната истрага и другите органи за спроведување на законот“, додаде украинскиот претседател.

Во меѓувреме, Зеленски со декрет го назначи Алексеј Симоненко за вршител на должноста главен обвинител, според украинската национална новинска агенција Укринформ.

AA
Популарни