Зеленски апелира дека не треба да има мировен договор без учество на Украина / Photo: AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди дека не треба да има каков било мировен договор без учество на Киев. Ова следува откако американскиот претседател Доналд Трамп се договори со рускиот колега Владимир Путин веднаш да започнат преговори со цел ставање крај на тригодишната војна во Украина.

„Да се ​​направи договор без нас или без Европа, не е добра идеја и се надевам дека претседателот Трамп ја нема оваа идеја“, рече Зеленски, зборувајќи на МИнхенската безбедносна конференција.

Украинскиот лидер, исто така, изрази фрустрација поради неуспехот на НАТО да ја внесе Украина во Алијансата и покрај долгогодишните дискусии.

„САД никогаш не не видоа во НАТО. Тие само зборуваа за тоа. Тие навистина не не сакаа во НАТО. Никогаш не сум слушнал дека ќе бидеме во НАТО, никогаш!“ рече тој.

Претседателот на Украина ја нагласи воената сила на Киев, тврдејќи дека неговата земја веќе игра клучна улога во европската безбедност.

TRT Balkan / агенции
Популарни