Зеленски не е потешко повреден во несреќата     Фото: Ројтерс

Автомобилот на украинскиот претседател Владимир Зеленски рано утринава доживеа сообраќајна несреќа во главниот град Киев, а според првичните информации, украинскиот лидер нема сериозни повреди.

Неговиот портпарол Сергиј Никифоров на Твитер објави дека приватен автомобил се судрил со возилото на Зеленски и неговата придружба.

Никифоров истакна дека возачот на приватното возило е пренесен во болница откако лекарите кои ја придружувале колоната на Зеленски му пружиле помош.

Напоменувајќи дека Зеленски не е потешко повреден во несреќата, портпаролот рече дека ќе ги истражат причините за несреќата.

AA
Популарни