Граѓаните на Пакистан по големите поплави стравуваат и од небезбедна храна     Фото: АА

Беа потребни само четири часа за малото село на фармерот Алтаф Хусеини во близина на историскиот град Ранипур во јужната провинција Синид целосно да биде поплавено. Поплавите минатата недела однесоа десетици куќи, а уништено беше и земјоделско земјиште.

Хусаин од селото Дур Мохамад Лангрија Гот како и стотици илјади други раселени Пакистанци моментално е сместен во владиниот камп во Карачи кој е претворен во засолниште.

„Беше полноќ кога поплавите го погодија нашето село. Веќе бев буден, очекував нешто непријатно, бидејќи 30 часа врнеше без престан”, изјави Хусаин, татко на четири деца.

Блискиот канал Таари Мирвах и потоците се излеаја од коритата и го поплавија целиот град Ранипур, кој се наоѓа на околу 420 километри од Карачи принудувајќи ги жителите во паника да ги напуштат нивните домови.

„Ми требаа неколку секунди да сфатам што се случува поради силните довикувања. Ги разбудив моите деца и другите и ги натерав да се качиме на покривот. Тоа беше ужасна сцена”, изјави Хусеин.

Првично, како што објасни, мислел дека тој и неговото семејство можат да преживеат на покривот, но за неколку часа не бил сигурен во тоа бидејќи биле поплавени улиците, полињата и куќите.

Затрупаните селани беа спасени благодарение на навремената интервенција на армиските трупи. Вклучително и 20 членови на семејството Хусеин. Неколку часа подоцна поплавата ги разурнала или ги оштетила сите 500 куќи од неговото село.

„Ништо не остана. Сите куќи и земјиштето се уништени”, рече Хусеин.

Неговото семејство помина две ноќи без засолниште и без храна покрај главниот пат до каде ги донесе армискиот брод. До засолниште потоа беа префрлени со камион.

Мохамед Хусеин Манганхар жител на градот Мехрабпур 380 километри од Карачи доживеа слична судбина.

„Властите ни дадоа само еден час да го напуштиме селото бидејчи поплавите веќе ги погодија соседните градови и села. Поплавите однесоа стотици куќи”, изјави Манганхар во засолништето Сахал Гот.

Неговото семејство избегало со трактор со она што кожеле да понесат. Стравот од нови поплави го натерало да се засолни близу Карачи.

Неизвесна иднина

Во големите поплави од пред два месеци предизвикани од екстремните врнежи загинаа над 1.000 луѓе. Уништена беше голем дел од инфраструктурата како и земјоделските површини. Поплавени се десетици илјади куќи, патишта и мостови.

Неизвесна е иднината на стотици илјади луѓе.

„Ништо немаме таму. Мојата куќа, земјоделското земјиште, памукот. Работите за мене се сменија преку ноќ. Од земјоделец од средна класа, се претворив во обичен бегалец”, изјави Хусеин.

Со слично размислување е Манганхар.

„Останав без средства за обработка на земјата. Не можам да земам заем од моите пријатели или други членови на семејството бидејќи сите се раселени како мене”, рече тој.

Експертите стравуваат од широко распространета миграција во Пакистан поради уништувањето на обработливото земјиште. Повеќе од два милиони луѓе се раселени. Поплавите уништија една петина од земјата во 2010 година. Тоа беше причина за големи миграциски движења.

Речиси 70 отсто не се вратиле во нивните родни места. Поради уништувањето на селата и земјоделските површини трајно се иселиле во градовите.

Небезбедна храна

Штетата од монсунските дождови дополнително ја влоши ситуацијата и со храната. Предизвикаа дополнителна брзорастечка инфлација кај прехранбените производи покрај стравувањата за небезбедност на храната.

Инфлацијата на храната го достигна врвот со 34 отсто, а монсуните уништија големи количини разни култури предизвикувајќи недостиг на зеленчук и овошје и зголемување на цените.

Најтешко погодени се Балуџистан, Синад и северозападните провинции Хајбер Пахтунхва каде поројните дождови уништија големи површини обработливо земјиште и овоштарници во над 80 области.

Јужните области на североисточната провинција Пенџаб која има удел од 67 отсто од вкупните земјоделски провинции на земјата исто така беа поплавени. Источен Балучистан и Пенџаб се познати по нивното производство на памук.

Дождовите и поплавите уништија голем дел обработливи површини со урми, карфиол, кромид и друго овошје и зеленчук.

Монсунските дождови во Пакистан години наназад се причина за уништената инфраструктура и голем број човечки жртви. Климатските промени дополнително го зголемуваат нивниот интензитет и непредвидливост во последниве години.

Според министерството за животна средина и климатски промени оваа година монсуните се двојно почести од минатата.

Првичните проценки на државните власти се дека монсуните се причина за загуби мод над 4 милијарди долари.

AA
Популарни