Пронајдено е Ферарито украдено од легендата на Формула 1, Герхард Бергер пред 29 години, соопшти лондонската полиција.
Црвеното Ферари Ф512М Тестароса, проценето на 350.000 фунти беше украдено додека австриската легенда се подготвуваше да се натпреварува за Големата награда на Сан Марино во април 1995 година.
Украденото Ферари, заедно со другото што му припаѓаше на неговиот колега од Формула 1, Жан Алеси, исчезнаа, предизвикувајќи шпекулации дека болидите биле насочени за одредена цел.
Сребрено-сивиот Ф-355 модел што му припаѓа на Алеси и натаму не е прнајден. По опсежната истрага која се протега речиси три децении, Единицата за организиран криминал за возила на лондонската полиција дојде до нови сознанија на почетокот на оваа година.
Ферари, италијанскиот производител на автомобили, објави сомневања за возило што го купил американски купувач преку брокер во Велика Британија. По прегледот, беше откриено дека автомобилот бил транспортиран во Јапонија набргу по неговата кражба во 1995 година, пред повторно да се појави на пазарот кон крајот на 2023 година.
Брзата акција на полициските службеници спречила автомобилот да биде повторно изнесен.
„Украденото Ферари со вредност од околу 350.000 фунти пред речиси 29 години и успеавме да го пронајдеме“, рече Мајк Пилбим, полициски службеник.
„Нашите прашања беа макотрпни и вклучија контакт со властите од целиот свет. Работевме брзо со партнери, вклучително и Националната агенција за криминал, како и Ферари и меѓународните салони за автомобили, а оваа соработка беше клучна во утврдување на потеклото на возилото и спречувањето да ја напушти земјата“, додаде тој.