Чувари на рамазанската традиција: Ифтар на отворено во Горно Оризари / Photo: AA

Во присуство на над повеќе 600 гости и локално население, но и претставници на јавниот и општествениот живот, во велешкото село Горно Оризари вчера се одржа заеднички ифтар на отворено во организација на Здружението на граѓани „Глас Оризара“, организација која е дел од Бошњачкиот национален сојуз во земјава.

На ифтарот присуствуваа премиерот на Северна Македонија Талат Џафери, заедно со турскиот амбасадор Фатих Улусој и неговата делегација. На ифтарот присуствуваа и претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац, претседателот на Бошњачкиот национален сојуз Џевад Хот, претседателот на Турската демократска партија (ТДП) Бејџан Илјас, Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, генералниот секретар на Социјал-демократскиот сојуз Миле Зечевиќ, градоначалникот на Општина Велес Марко Колев, како и бројни поканети гости од различни етнички заедници.

Премиерот Талат Џафери се обрати пред присутните на ифтарската вечера во Горно Оризари AA

Премиерот Џафери со бајрамска честитка Во својот говор пред присутните, премиерот Џафери ги поздрави жителите на Горно Оризари во свое име и во име на Владата, при што изрази задоволство што има можност во последните денови од месецот на постот Рамазан, да биде на ифтарската вечера заедно со граѓаните, упатувајќи им срдечни честитки во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. „Посакувам вака заедно да го дочекаме крајот на месец Рамазан. Во пресрет на Бајрам ја користам приликата да ви го честитам празникот Рамазан Бајрам. Ви благодарам уште еднаш за оваа можност да бидеме заедно“, рече Џафери.

Турскиот амбасадор Улусој ги поздрави сите присутни граѓаните на ифтарот, пренесувајќи ги срдечните поздрави до сите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Амбасадорот Улусој во своето обраќање се присети на ликот и делото на првиот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, притоа истакнувајќи го неговото политичкото, општественото и научното наследство.

Тој нагласи дека токму тоа наследство треба многу добро да се заштити во период кога ширум светот се водат војни.

Турскиот амбасадор Фатих Улусој се обрати пред присутните на ифтарската вечера во Горно Оризари AA

Македонското мултикултурно општество како пример за соживот

„Со ова разбирање, ние придаваме големо значење на мирот и стабилноста што преовладуваат на Балканот. Зајакната со своето етничко и културно богатство, Северна Македонија е пример во нашиот регион во однос на хармоничен соживот на Турците, Македонците, Албанците, Србите, Бошњаците, Ромите, Власите и другите заедници. Зачувувањето на оваа мултикултурна текстура и социјална хармонија што го одразува богатството на Северна Македонија е од витално значење за воспоставување и одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион“, рече Улусој.

Заеднички ифтар во Горно Оризари AA

Потенцирајќи дека Туркије пристапува со сеопфатен пристап кон сите делови на општеството на Балканот, без разлика на етничката или верската припадност, без приоритет на интересите на одредена група или заедница, Улусој нагласи дека во оваа насока Туркије го поддржува развојот и благосостојбата на Северна Македонија.

Амбасадорот Улусој додаде двете земји се пријатели и сојузници во многу области како што се трговијата, одбраната, енергетиката, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, образованието, културата и здравството, бројните институции, невладините организации и компании.

„Ние ќе продолжиме да бидеме покрај Северна Македонија и сите заедници што ја сочинуваат, како што тоа го правиме од нејзината независност“, рече турскиот амбасадор Улусој.

Заеднички ифтар во Горно Оризари AA

Ифтарите како рамазанска традиција на заедништво

Претседателот на здружението домаќин на ифтарската вечера „Глас Оризара“, Енвер Карталовиќ, изрази голема благодарност од сите присутни на ифтарот, особено заблагодарувајќи им се на премиерот Џафери и амбасадорот Улусој, но и на сите останати присутни на настанот.

„Демонстрацијата на вечерашниот собир не е јадењето, туку је демонстрација на заедништвото. Ние, иако сме од различни вери, нации, различни политички погледи, ние имаме многу заеднички нешта и мислам дека вечерва тоа и го покажавме“, истакна Карталовиќ. Тој во своето обраќње потсети дека селото Горно Оризари во османлискиот период се викало Челтикчи што во слободен превод од турски значи оризово поле.

Обраќање на Енвер Карталовиќ - претседателот на здружението Глас Оризара AA

Иселувањето како предизвик

Денес, еден од наголемите предизвици на жителите на Горно Оризари е иселувањето, особено на младите, што фактички го покажало истражувањето на терен на локалното здружение „Гласот на Оризари, спроведено пред речиси 10 години, според кое повеќе од 40% од населението живее во земјите од западна Европа, во најголем дел во австрискиот град Виена и околината.

Според последниот попис на населението, во Република Северна Македонија живеат 16.042 Бошњаци, односно 0,87% од вкупното население, од кои 1.852 во Општина Велес.

TRT Balkan
Популарни