Денови на турскиот филм во Скопје и Штип / Photo: AA Archive

По повод 101-годишнината од прогласувањето на Република Туркије од 28 до 31 октомври ќе се одржат „Денови на турскиот филм“, во киносалите Киноверзум (Кисела Вода) во Скопје и Штип, а влезот ќе биде бесплатен.

„Деновите на турскиот филм“ ќе се одржат под покровителство на Амбасадата на Туркије во Скопје, во организација на Советништвото за култура и промоција, а со поддршка на турското Министерството за култура и туризам.

Денови на турскиот филм во Скопје и Штип Others

Националниот празник Денот на Републиката во Туркије се одбележува на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година.

Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа Големото народно собрание на земјата го избра за прв претседател на Република Туркије.

Оттогаш, Туркије го одбележува Денот на Републиката секоја година на 29 октомври.

TRT Balkan
Популарни