Во Куршумли ан во Старата скопска чаршија вечерва за време на затворањето на 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе бидат објавени и врачени наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи.     Фото: МакеДокс

Во Куршумли ан во Старата скопска чаршија вечерва за време на затворањето на 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе бидат објавени и врачени наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи.

Во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Филмската програма на 15. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци.

Како што соопштија од Фестивалот, комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм е во состав на Кјара Либерти, Надја Тенштет и Владан Петковиќ.

Кјара Либерти работи како консултантка за дистрибуција и опфат на документарните филмови, а од 2022 година е коуметничка директорка на фестивалот „Биографилм“ во Болоња. Надја Тенштет е директорка на „ДОК индустри“ на „ДОК Лајпциг“. Работела во областите маркетинг, продажба и набавки во американските дистрибутерски компании „Цајтгајст филмс“ и „Мајлстон филмс“. По враќањето во Европа во 2011 година, работела за меѓународни филмски фестивали и пазари, како што се Филмскиот фестивал во Локарно и Европскиот филмски пазар (ЕФМ) на „Берлинале“. Владан Петковиќ е новинар, филмски критичар и фестивалски програмски уредник. Тој е новинар сениор во „Синеуропа“, дописник за териториите на поранешна Југославија во „Скрин интернешнл“, еден од уредниците на веб-страницата на Меѓународниот фестивал на документарни филмови – Амстердам (ИДФА) и тамошен програмски советник за кратки филмови.

За наградата „Млад кромид“ од селекцијата „Нови автори“ одлучува комисијата во состав на Маел Генег, Игор Анѓелков и Ваутер Јансен.

TRT Balkan / агенции
Популарни