Филмот Ничија земја на режисерот Данис Тановиќ во 2002 година го доби оскарот за филм д неанглиско говорно подрачје / Photo: Reuters

Номинациите за 95 издание на „Оскарите“ се веќе познати. На 12 март ќе ги дознаеме новите добитници на најпрестижната награда во светот на филмот. Речиси еден век во познатиот Долби театар ги собира најдобрите филмски работници. Златната статуетка која ја доделува американската филмска академија е престиж за сите, без оглед дали се работни за реномирани или анонимни уметници.

Оваа година меѓу добитниците нема да има претставници од Балканот, но изминативе години и филмаџии од регионот биле наградувани. Како пред, така и по распадот на поранешната СФР Југославија. Само еднаш регионот е награден со најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Во продолжение потсетуваме на дел од добитниците во повеќе категории.

„Сурогат” и донесе оскар на СФРЈ

Цртаниот филм „Сурогат” и го донел на поранешна Југославија единствениот Оскар. Режисер е Душан Вукотиќ кој припаѓал на таканаречената Загребска школа за цртан филм, а бил член и на црногорската Академија за науки и уметности.

Анимираниот филм во боја бил направен во 1961, а престижната награда од неанглиско говорно подрачје ја добил во 1962 година.

Цртаниот трае десет минути. Во тие години делото на Вукотиќ ја обработувал и анализирал темата за потрошувачките навики на современиот човек кој често ги занемарува разликите меѓу виртуелното и стварното.

Во „Сурогат” се раскажува приказна за мало човече кое живее во свет во кој се во неговото опкружување е во натприродна големина. Главниот јунак го минува времето на плажа каде се околу расте во неприродна големина, но со иста брзина и исчезнува. Неговиот чамец, душекот, па дури и девојката. Вукотиќ работел и како сценарист, аниматор, цртач на стрипови и карикатурист.

„Ничија земја” единствен игран филм со Оскар

Кинематографијата на Босна и Херцеговина е единствената од поранешните ју-простори која доби Оскар за најдобар филм. Во 2002 година за филм од неанглиско говорно подрачје статуетката ја доби „Ничија земја’ на режисерот Данис Тановиќ. Режисерот бил дел од сараевската Академија за сценски уметности, а за време на војната во Босна и Херцеговина и се придружува на екипата која ја следела Армијата на БиХ.

Во 1994 Тановиќ заминал за Брисел каде во 1997 година ги завршува студиите. Снимањето на „Ничија земја” завршило една година пред овој филм да биде награден со Оскар. Главните улоги во овој филм ги толкуваат Бранко Ѓуриќ, Рене Биторајац и Филип Шоваговиќ. Дејството се одвива во 1993 година. Двајца војници во постојан вербален конфликт ги претставуваат двете завојувани страни, босанската и српската, додека третиот лежи на мина која во секој момент може да експлодира.

Бранко Лустиг награден за „Шиндлерова листа” и „Гладијатор”

Хрватска може да се пофали со еден оскаровец и две статуетки. Тоа е Бранко Лустиг, Хрват со еврејско потекло. Во 1993 година заедно со Стивен Спилберг за филмот „Шиндлерова листа” и во 2001 година за филмот „Гладијатор” заедно со Даглас Вик и Давид Франзони. Бранко Лустиг и сам како дете ги преживеал траумите во логорите Аушвиц и Берген-Белсен. По почетната кариера во Јадран Филм се отселил во САД.

Младен Секуловиќ прв српски глумец со Оскар

Младен Секуловиќ е вистинското име на актерот Карл Малден кој во 1952 година добил оскар. Наградата му припаднала за најдобра споредна улога во филмот „Трамвајот наречен желба”. Карл Малден е роден во 1912 година во Чикаго каде работеле неговите родители. Младен Секуловиќ до 1934 работел во челичана во градот Гери. Тогаш се запишал во школата за глума во театарот Гудман во Чикаго. По совет на колегите го менува името од Младен Секуловиќ во Карл Малден. Веќе во 1937 играл во Бродвеј.

Стојан Тесиќ во 1979 година за филмот „Breaking away” бил награден од американската филмска академија за најдобро сценарио. Тесиќ кој живееел во САД пишувал и театарски претстави.

Зоран Пешиќ пак истата година добил оскар за специјални ефекти во филмот „Супермен”. Награда за филмска камера во 2007 година доби Мирко Ковачевиќ. Во 2008 паак за техничко достигнување награден е Дејан Илиќ. Наградата ја добил бидејќи со својата иновација овозможил да се гледаат детали кои со голо око не се воочливи.

Во 2017 година целата екипа на „The Jungle Book” беше наградена за визуелни ефекти. Дел од екипата беше и србинот Ѓорѓе Милашиновиќ. Тој работел и на филмовите “Пиратите од Карибите”, и “Планета на мајмуните”.

TRT Balkan
Популарни