Музиката обединува: „Има нека тајна веза“ помеѓу Скопје и Сараево /  Фото: Дарија Дамевска - Идриз

Фактот дека музичката уметност е безвременска и го надминува векот на авторот се потврдил многупати досега.

Во прилог на овој факт оди и саботниот концерт одржан во Македонската филхармонија во Скопје со наслов „Има нека тајна веза – мејд ин Сараево”, каде публиката заедно со изведувачите во еден глас ги пееше старите добри хитови на сараевските ѕвезди од времето на Југославија.

Станува збор за уникатен балкански проект кој „Music Time“ го претстави во Скопје, а во чии рамки, под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, во продукција на Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува безвременските хитови на најголемите музички ѕвезди од Сараево: „Индекси“, „Бијело Дугме“, Здравко Чолиќ, „Амбасадори“, „Тешка Индустрија“, Кемал Монтено и други познати изведувачи.

Публиката со срдечен аплауз ја поздрави изведбата на „Сарајево љубави моја“, која најави вечер за уживање на песните што ја одбележија младоста на многу генерации од овие простори.

Во текот на вечера можеа и да се слушнат: „Бацила је све низ реку“, „Једне зиме“, Заувјек твој“, „Дирлија, „Доџи у пет до пет“ „Зеница блуз“...

TRT Balkan
Популарни