Облека и кубојски џизми, средношколски фотографии, плакети и награди, два автомобили и оригинален нотен запис од глобалниот хит „We Are the World“ од 1985 година, сопственост на починатиот американски кантри пејач Кени Роџерс, продадени се на аукција изминатиот викенд.
Четири врамени нотни записи на песната „We Are the World“ продадени се за 156.250 долари, објави аукциската куќа „Julien’s“ во неделата.
Песната ја напишаа Лионел Риши и Мајкл Џенскон, а ја продуцираше Квинси Џонс. Роџерс ја изведе во соработка со ѕвездите како Тина Тарнер, Брус Спрингстин и Синди Лопер и собра повеќе од 50 милиони долари за борба против гладта во Африка.
Нотниот запис е исто така посебен бидејќи содржи потписи на неколку ѕвезди, а во некои случаи и лични пораки за Роџерс.
Роџерс е роден во 1938 година во Хјустон, во сојузната држава Тексас. Некои од неговите попознати хитови се песните „Islands In The Stream“, „The Gambler“, и „Lucille“. Роџерс е повеќекратен добитник на американската музичка награда Греми.
Почина во 81 година од животот во сојузната држаца Џорџија во 2020 година.