Откриен портрет на Ван Гог по повеќе од 100 години    Фото: Reuters

Конзерваторите од Националната галерија на Шкотска пронајдоа скриен портрет на сликарот Винсент Ван Гог, на задната страна на платното на слика направена во 1885 година.

Благодарение на рутински рендген скенирања, конзерваторите го согледале ликот на Ван Гог, исцртан на задната страна на сликата „Глава на селанка“.

„Беше апсолутно возбудливо“, вели Лесли Стивенсон, виша конзерваторка од Националната галерија на Шкотска.

Портретот каде Ван Гог се насликал себеси со капа, шал, брада и левото уво, бил скриен повеќе од 100 години, длабоко под слоевите лепило и картон. Познато е дека импресионистичкиот сликар левото уво самиот си го отсекол три години по оваа слика, страдајќи од депресија и халуцинации.

„Кога првпат го видовме рендгенот, секако бевме многу возбудени. Ова е значајно откритие бидејќи додава нова светло на она што веќе го знаеме за животот на Ван Гог“, рече Стивенсон.

Исто така холандскиот сликар понекогаш ги користел истите платна на кои веќе сликал за да заштеди пари на материјали и досега познати се најмалку пет автопортрети кои се „скриени“ на задната страна. Потоа автопортретите најчесто ги прекривал со дополнителни слоеви хартија, лепило или картон.

Бидејќи се вистинска реткост меѓу бројните негови дела, шкотските конзерватори како што велат, немале големи очекување при рутинската проверка на оваа слика, подарок од адвокатот Александар Мајтланд во 1960 година.

Со рендген била скенира како дел од вежба за каталогизација на сликите и подготовка за летната изложба на импресионистички дела на Кралската шкотска акдемија, составена претежно од француски автори, како и дела од Ван Гог.

Ван Гог славата ја стекнува дури по неговата смрт во 1890 година, во животот продал само една слика, а денес неговите дела на светските аукции достигнуваат милионски суми.

Се смета за еден од највлијателните артисти во историјата на уметноста на западната цивилизација.

TRT Balkan / агенции
Популарни