Француското село Оверс-сур-Оаз е местото каде што холандскиот сликар Винсент ван Гог ги помина последните два месеца од својот живот.
Во тоа село за два месеца насликал околу 80 дела и таму починал.
Роден во Зундерт, Холандија, на 30 март 1853 година, сликарот Ван Гог почина на 29 јули 1890 година во Оверс-сур-Оаз, 50 километри од Париз, главниот град на Франција.
Уметникот, поврзан со постимпресионистичкото движење познато како „нов импресионизам“, живееше на 38 различни места во Белгија, Холандија, Англија и Франција.
Холандскиот сликар, графичар и цртач, се смета за една од најславните и највлијателните личности во историјата на уметноста на западната цивилизација.
Ван Гог го запознал импресионизмот во Париз, каде што дошол во 1886 година и почнал да користи поживописни бои во своите слики.
Познатиот уметник се лекуваше од психички проблеми. Во 1889 година се пријавил во душевната болница во Сен Реми-де-Прованс.
За време на лекувањето тој го запознал д-р Пол Гаше, чиј портрет подоцна го нацрта. Портретот насловен „Гаше“ спаѓа во ремек-делата на познатиот сликар.
Ван Гог во Оверс-сур-Оаз за околу два месеца насликал околу 80 дела што се преплетени со природата, која беше инспирација за неговата уметност.
Има сликано и објекти, како градското собрание, уличните скали и црквата на ова село и ги создал делата: „Црква во Оверс“, „Оверски скали“, „Градска куќа во Оверс“.
Овие градби сè уште имаат автентичен облик и по повеќе од еден век.
Уметникот има насликано и портрет на 13-годишната ќерка на семејството Равукс, по име Аделин, која го водела пансионот во кој тој престојувал. Последната слика на Ван Гог беше „Корените на стеблото“.
На денешен ден во 2020 година, 130 години по неговата смрт, во селото Оверс-сур-Оаз, откриено е местото каде што се наоѓаат корените нацртани од сликарот.
Холандскиот уметник е погребан на гробишта во близина на полето што го има прикажано во својата слика „Житното поле со врани“.
Собата 5 во пансионот Равукс никогаш повеќе не е најмена. Франција ја прогласи како „историска зграда“ во 1985 година.
Од сите места каде што живеел Ван Гог, оваа соба ја има дистинкцијата како единствено место што правилно е зачувано.
Иако во просторијата со зелени и бели ѕидови нема мебел, таа е отворена за јавноста од 1993 година. Хостелот Равукс, кој уште го нарекуваат и „Куќата на Ван Гог“, до денес го посетиле повеќе од милион луѓе.
Во селото каде што се наоѓа статуата на Ван Гог луѓето речиси напамет ја знаат приказната за периодот што уметникот го поминал овде.
Изложбата под наслов „Ван Гог во Оверс-сур-Оаз. Последните месеци“, со последните дела на уметникот, ќе биде отворена во Музејот Орсе во Париз од 3 октомври 2023 година.