Во градот Призрен во Косово со церемонија на свечено отворање започна 21. издание на Меѓународниот фестивал на документарен и краток филм „ДокуФест“.
На свеченоста одржана во летното кино „Лумбарди“ во Призрен, вниманието на публиката го привлече темата околу преживувањето по периодот на пандемијата со коронавирусот (Ковид-19), а потоа беше прикажан филмот на Сара Доса „Оган на љубовта“.
Во рамките на фестивалот публиката ќе има можност да погледне 250 документарни и кратки филмови со тема „Како да се преживее?“ („How to survive?“), а покрај проекциите на филмови, ќе се организираат и работилници, панели, изложби на фотографии, конференции и концерти.
Продуцентката на фестивалот Алба Чакали изјави дека годинава очекуваат на „ДокуФест“ да има околу 40.000 посетители.
„Фокусот ќе биде на тоа како ние , во исто време , како заедница преживеавме пандемии, војни, глобално затоплување, економски кризи, нашите индивидуални проблеми. Филмовите оваа година се всушност разновидни документи на настаните доживеани во светот и ги поканувам кино ентузијастите да ги гледаме во нашите 13 кино сали“, рече Чакали.
Таа додаде дека темата на фестивалот е изградена на поставување прашања за да се сврти вниманието кон глобалните кризи со кои се соочува светот во последните години.
„ДокуФест“, во годините кога почна да се организира, се здоби со популарност со организирање на фестивалот под отворено небо, во близина на реката Бистрица или во градската тврдина, бидејќи во Призрен немаше кино сала.
Фестивалот ќе заврши на 13 август и на последниот ден ќе бидат доделени наградите на победниците во 8 категории.
6 авг 2022
Во Косово започна меѓународниот фестивал на документарен филм „ДокуФест“
Во рамките на 21. издание на фестивалот публиката ќе има можност да види 250 документарни и кратки филмови на тема „Како да се преживее?“, а ќе се организираат и работилници, панели, изложби на фотографии, конференции и концерти.
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Што друго би сакале да знаете?
Популарни