Германскиот производител на лекови БиоНТек (BioNTech) ќе ја преземе кинеската биотехнолошка компанија Биотеус (Biotheus) за приближно една милијарда долари за поддршка на нејзината стратегија за онкологија.
„Биотеус ја прифати понудата на БиоНТек, која сака да ја поддржи стратегијата за онкологија откупувајќи ги сите акции за 800 милиони долари и да направи дополнителна постепена исплата до 150 милиони долари“, се вели во соопштението на БиоНТек.
Продажбата, вредна приближно 1 милијарда долари, се очекува да биде затворена во првиот квартал од следната година, под услов да се добијат потребните дозволи.
Со оваа аквизиција, БиоНТек исто така планира да ги стекне сите глобални права на својот имуно-онколошки материјал БНТ327, вклучувајќи го и кинескиот пазар.
БиоНТек, кој го префрли својот фокус на развој на лекови за рак по избувнувањето на КОВИД-19, има за цел да го лансира својот прв лек за рак во 2026 година.