Бран отпуштања: Светските технолошки гиганти отпуштија 200.000 вработени

Бран отпуштања: Светските технолошки гиганти отпуштија 200.000 вработени

Компаниите, меѓу кои и Гугл, Мајкрософт и Амазон, и во 2023 година продолжуваат со отпуштање на работници.
Компаниите, меѓу кои и Гугл, Мајкрософт и Амазон, и во 2023 година продолжуваат со отпуштање на работници.

Светските технолошки гиганти отпуштија 200.000 вработени на глобално ниво во првите пет месеци од 2023 година. Отпуштањето на работници од страна на технолошките компании, што во последен период порасна на глобално ниво кулминираше на почетокот од годината.

Според интернет-страницата „Layoffs.fyi“, која ги следи статистиките на отпуштање на работниците во технолошкиот свет од почетокот на пандемијата на Ковид-19, отпуштањето на работниците во технолошките компании продолжува и расте.

Компаниите, меѓу кои и Гугл, Мајкрософт и Амазон, и во 2023 година продолжуваат со отпуштање на работници. Според податоците на „Layoffs.fyi“, од почетокот на годината досега, 718 технолошки компании отпуштиле од работа 200.000 лица низ светот.

Минатата година, 1.056 технолошки компании отпуштиле од работа околу 165.000 лица. Технолошките компании во првиот месец од годината од работа отпуштиле 90.000 работници.

Месецот јануари во 2023 година стана месец во кој се отпуштени најголем број работници од почетокот на пандемијата. Во јануари 2022 година од работа биле отпуштени само 510 лица.

Периодот од јануари до март 2023 е регистриран како најлош квартал што се однесува до бројот на отпуштени работници во технолошкиот сектор. Во првиот квартал од годината од работа се отпуштени 186.454 лица. Во првиот квартал од 2020 година, кога и започна пандемијата, од работа биле отпуштени 9.628 лица, додека во четвртиот квартал од 2020 година е период кога од работа биле отпуштени најмал број работници.

Меѓу другото, Гугл е компанија која отпушти најголем број работници. Од почетокот на пандемијата досега, Гугл отпушти 12.000 работници, по кој следуваат компаниите Мета, Мајкрософт и Амазон.

AA
Популарни