Приливот на директни странски инвестиции во Туркије во вториот квартал е три милијарди и 59 милиони долари / Photo: AA

Директните странски инвестиции во Туркије се зголемени за 31,5 отсто во вториот квартал од 2024 година во однос на истиот период лани, надминувајќи три милијарди долари.

Според глобалниот извештај за директни странски инвестиции на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за првата половина од годинава, приливот на директни странски инвестиции во светот продолжи и покрај одредени економски тешкотии.

Глобалните директни странски инвестиции во овој период достигнаа 802 милијарди долари, а најголем дел од инвестициските текови се случија во првиот квартал од годинава.

Приливот на директни странски инвестиции во земјите на ОЕЦД е зголемен за 80 отсто во првата половина од годината, а инвестициите во економиите на Г20, кои не се членки на ОЕЦД, се намалени за 19 отсто поради падот на директните странски инвестиции во Кина.

Се додава дека геополитичките ризици и економската неизвесност значително влијаеле на довербата на странските инвеститори.

Во изминатиот период Соединетите Американски Држави остварија најголем број директни странски инвестиции во светот.

Според податоците на ОЕЦД, приливот на директни странски инвестиции во Туркије во првиот квартал годинава изнесувал една милијарда и 460 милиони долари и во вториот квартал три милијарди и 59 милиони долари.

AA
Популарни