Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган истакна дека очекува туристите од Србија кои ја посетуваат Туркије да постават нов рекорд, со оглед на новиот договор за патувања без пасоши.     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган истакна дека очекува туристите од Србија кои ја посетуваат Туркије да постават нов рекорд, со оглед на новиот договор за патувања без пасоши.

„Очекуваме дека бројот на туристи од Србија кој оваа година ќе ја посетат нашата земја првпат ќе надминат 300 илјади и ќе го соборат досегашниот рекорд“, рече Ердоган во обраќањето на Бизнис форумот Туркије-Србија одржан во Белград, главниот град на Србија.

Во текот на посетата на Ердоган на Белград, Туркије и Србија потпишаа седум договори во областите како што се економија, индустрија и технологија, вклучувајќи го протоколот кој овозможува патување без пасоши за државјаните на двете земји.

Во текот на посетата на Ердоган на Белград, Туркије и Србија потпишаа седум договори.     Фото: АА AA

Ердоган рече дека договорот ќе помогне билатералните односи на Туркије и Србија да се подигнат на уште повисоко ниво.

„Нашите инвестиции во Србија пораснаа во последната деценија, од милион долари на 400 милиони долари. Бројот на нашите компании во Србија сега е поголем од 1.300“, рече турскиот претседател.

Тој додаде дека турските компании во Србија имаат обем на работа од околу 847 милиони долари, со вкупно 50 проекти во различни региони.

Ердоган рече дека вратите на Туркије се отворени за бизнисмените од Србија кои ќе инвестираат во земјата.

Напомена исто така дека Туркије ја гледа Србија како клучна земја за мир и стабилност во регионот на Балканот.

Вучиќ: Важно е да се унапреди соработката

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето обраќање на форумот истакна дека е важно да се унапреди соработката на двете земји, особено од економски аспект.

Српскиот претседател рече дека е важна меѓусебната доверба и дека тоа е важно за да турските инвеститори во Србија се чувствуваат како дома, како и за потенцијалните српски инвеститори во Туркије.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати на форумот во Белград AA

Вучиќ потсети дека им е работа да ги решаваат проблемите и дека во бизнисот нема лесни работи. Вучиќ истакнува дека е важно да се решаваат проблемите доколку се појават и се осврна на прашањето на цената на електричната енергија.

„Кога и да постои некаков друг проблем, тука сме да седнеме и заеднички да ги решаваме тие проблеми, тоа е наша обврска“, изјави Вучиќ.

Вучиќ потсети дека инвестирањето на турските компании во Србија помага во подигнувањето на бруто-домашниот производ на земјата.

Според податоците што ги сподели Вучиќ, околу 10.000 луѓе во Србија работат во турските компании.

„Затоа е важно да продолжиме да ги привлекуваме турските инвеститори, но тоа можеме да го направиме само доколку би имале повеќе Турци, повеќе луѓе кои доаѓаат во нашата земја и обратно. Затоа сум сигурен дека и со личните кари со кои ќе може да се преминува границата, но и со се друго што заеднички ќе го работиме, ќе можеме да воспоставиме уште поголема доверба, каде вие Турците секогаш ќе можете да сметате на српската држава и каде ние Србите или граѓаните на Србија ќе можеме да сметаме на поддршката на турската држава“, рече Вучиќ.

Изјави дека верува дека тоа е од пресудно значење за да се унапреди соработката.

„Ние преку многу работи ја врзавме и политиката и нешто што е многу важно, а тоа е зачувување на мирот и стабилноста. Кога правите патишта и мостови, тогаш не градите само градежни објекти, туку градите патишта помеѓу срцата и душите на луѓето, тогаш градите мир, тогаш градите иднина за нашите деца“, нагласи Вучиќ.

Тој истакна дека секогаш настојувале да постигнат најдобри решенија, но и дека верува оти постојат уште многу нешта кои можат да се направат. Вучиќ ги замоли српските и турските компании да се обидат да ја унапредат соработката.

Вучиќ упати благодарност до Ердоган на почитувањето што го искажува кон Србија, а верува и дека турскиот претседател гледа почитување од Србија кон него и неговата земја.

Продолжува регионалната турнеја на Ердоган

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган ја посети Србија каде денес се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ердоган регионалната турнеја ја започна со вчерашната посета на Босна и Херцеговина. Последната станица на пошироката регионална турнеја ќе биде Хрватска. Ердоган утре во Загреб ќе одржи состаноци со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ.

Претседателот на Туркије ќе го отвори и Исламскиот културен центар во Сисак, кој е изграден со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Предвиден е и бизнис форум и во Хрватска.

TRT Balkan / агенции
Популарни