Германската енергетска компанија Унипер оствари загуба од околу 40 милијарди евра во првите девет месеци оваа година, поради намалувањето на испораките на руски гас, се наведува во извештајот за финансиските резултати на компанијата.
Од компанијата наведуваat дека на загубата негативно влијаат високите трошоци предизвикани од потребата за замена на изворите на снабдување поради намалените испораки од Русија помеѓу 14 јуни и 30 септември.
Нагласено е дека негативното влијание дополнително е влошено во третиот квартал во 2022 година со потполно прекинување на испораката на гас.
Во прашање е најголемиот губиток кој германската компанија досега го пријавила.
„За да ја осигура безбедноста на снабдувањето на купувачите, Унипер веќе некое време набавува гас по значително повисоки цени и, како што е е познато, бележи значителни губитоци бидејќи трошоците за набавка не се пренесуваат на потрошувачите“, наведуваат од Унипер.
Финансиската директорка на Унипер Тина Тумела рече дека полугодишните податоци веќе открија огромни проблеми во финансиските резултати на компанијата.
Таа истакна дека имплементацијата на стабилизациониот пакет е најголем приоритет за компанијата за да се обезбеди снабдување на Германија со струја и со гас за наредната зима и наредната година.
„Ние и Владата моментално ги финализираме деталите на мерките за поддршка во врска со прекинувањето на доплатата на гас. Интенизвно работиме и на реструктурирање на нашето гасно портфолио за да ги сведеме ризиците на најмала можна мерка и до 2024 година да завршиме со губитоците до кои доаѓа поради запирањето на испораката на рускиот гас“, рече Тумела.
Додаде дека фокусот на компанијата е на ставање на додатни количини на плин и ТПГ (Течен природен гас) на располагање на Германија и дека ќе направи се што е можно да тргне напред со потребната инфраструктура, вклучувајќи ја изградбата на првиот терминал за увоз на ТПГ во земјата.
Германската влада одлучи да ја купи и да национализира 99 отсто од Унипер, во која мнозинскиот дел го контролира финскиот енергетски гигант Фортум, за да се обезбеди снабдувањето во текот на светската енергетска криза.