Кина остро се спротивстави на тарифите против државните субенции за домашните електрични возила кои ги наметна Европската Унија, како одговор на ниските цени и нелојалната конкуренција на европските автомобилски производители.
Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија потегот на ЕУ го оквалификува како трговски протекционизам и предупреди да не се нарушуваат глобалните синџири на снабдување.
„Соработката, а не протекционизмот, е клучна за стабилноста на глобалната индустрија и климатските цели“, соопшти Советот.
Исто така, критикувајќи ги неодамнешните тарифи на Канада за кинеските електрични возила, од кинеска страна е посочено дека овој потег ќе ги поткопа глобалните трговски норми.
Претходно оваа недела, канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека неговата земја ќе воведе 100% царини за увоз на кинески електрични возила.