Кинескиот автомобилски гигант Build Your Dreams го надмина американскиот ривал Тесла со испорака на приближно 600.000 електрични автомобили во периодот од октомври до декември 2024 година.
Според резултатите од производството и продажбата на двете компании за 2024 година, Тесла испорача 495.570 електрични автомобили во текот на последниот квартал, додека BYD испорача речиси 600 илјади единици.
Сепак, за целата година, BYD испорача 1,76 милиони електрични возила и заостанува зад Тесла со испорачани 1,79 милиони единици.
Додека Тесла ја зголеми продажбата на електрични за 5% во четвртиот квартал, продажбата на BYD се зголемила за 13,1%.
Во меѓувреме, со други видови на продажба, како што се хибридни автомобили и автобуси, BYD испорача 4,27 милиони електрични возила во 2024 година.