Данскиот „Лего“ објави дека ќе ги прекине сите активности во Русија     Фото: Ројтерс

Најголемиот светски производител на играчки, данскиот „Лего“, објави дека ќе ги прекине сите активности во Русија. Тоа подразбира прекин на работниот однос на најголемиот дел од московскиот тим и партнерството со групацијата „Инвентив Ритејл” која управуваше со 81 продавница на данскиот бренд, потврдија претставници од оваа групација.

Како што пишува Гардијан, Русија на почетокот на мај ги стави производите на „Лего” на листата на производи кои можат да се увезат без согласност на сопственикот на интелектуалните права. На тој начин Русија сакала да ги избегне ограничувањата наметнати поради војната во Украина.

На оваа листа биле и паметните телефони од „Епл” и „Самсунг”, автомобили од водечки брендови, конзоли за игри и резервни делови кои се користат во разни индустрии.

Многу западни брендови ја напуштија Русија поради санкциите и настојувањата на Кремљ за заплена на средствата во сопственост на странци.

Tanjug
Популарни