Бројот на превезени патници преку аеродромот во Истанбул изнесуваше 64,5 милиони минатата година   Фото: АА / Photo: AA

Аеродромите во Истанбул опслужија повеќе од 95 милиони патници минатата година, покажуваат податоците од извештаите на Генералниот директорат на турската управа за државни аеродроми.

Вкупниот број патници на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ во 2022 година е зголемен за 53 отсто во споредба со 2021 година, а бројот на реализирани летови е зголемен за повеќе од 30 отсто, покажуваат податоците.

Воздушниот сообраќај, сериозно погоден од ограничувањата за патување низ светот како последица на пандемијата, како и во Туркије, закрепнува од почетокот на минатата година.

Трендот на пораст продолжува од јануари 2022 година и се очекува да се зголеми во 2023 година.

Бројот на превезени патници преку аеродромот во Истанбул изнесуваше 64,5 милиони минатата година - 15,9 милиони на домашни летови и 48,6 милиони на меѓународни летови.

Во 2021 година, бројот на превезени патници изнесуваше 10,6 милиони за домашни летови и 26,5 милиони за меѓународни летови, додека вкупниот број патници на аеродромот се зголемил за 73 отсто на годишно ниво во 2022 година.

На аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, вкупниот број патници изнесуваше 30,8 милиони во 2022 година, од 24,9 милиони во 2021 година.

Двата аеродроми лани опслужија вкупно 95,2 милиони патници, од кои 31,1 милион на домашни и 64,14 милиони на меѓународни летови.

Вкупниот број патници на овие аеродроми се зголеми за околу 53 отсто на годишно ниво во 2022 година.

Во 2022 година, бројот на реализирани летови на аеродромите во Истанбул се искачи за над 30 отсто на 654.044.

TRT Balkan / агенции
Популарни