Претплатата доаѓа со предупредувањето дека корисниците ќе мора да ги гледаат рекламите што не се појавуваат ако се претплатите на главната услуга.        Фото: Ројтерс

Стриминг сервисот Нетфликс планира да понуди пониска претплата од следниот месец во обид да се врати на врвот откако годинава за првпат беше надминат од Дизни+ во вкупниот број на претплатници. Сепак, понудата на Нетфликс доаѓа со мал проблем, за помала претплата ќе добиете стриминг со реклами.

Според најавата од стриминг гигантот, од 3 ноември Нетфликс на своите корисници ќе им понуди нова услуга, наречена Основен пакет со реклами (Basic With Adverts). Цената на овој пакет ќе биде 4,99 евра за претплатниците во Европа.

Претплатата доаѓа со предупредувањето дека корисниците ќе мора да ги гледаат рекламите што не се појавуваат ако се претплатите на главната услуга.

Нетфликс ја лансира поевтината услуга на 3 ноември и ќе ја нуди во Австралија, Бразил, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Мексико, Јужна Кореја, Шпанија и САД.

„Накратко, основниот пакет со реклами го нуди сè она што луѓето го сакаат кај Нетфликс, но по пониска цена“, се вели во соопштението.

Но, Нетфликс забележа дека некои содржини од главната услуга нема да бидат достапни кај поевтината услуга. Нетфликс ги објави плановите за оваа услуга пред половина година.

Инаку годинава стриминг сервисот Дизни+ за првпат го надмина својот најголем ривал Нетфликс по бројот на претплатници глобално. Компанијата со седиште во САД соопшти дека има 221 милион претплатници наспроти 220,6 колку што има ривалот Нетфликс.

Ова е првпат некоја услуга за стриминг да го надмине Нетфликс во вкупни претплатници и го прави Дизни+ најголемиот давател на услуги за стриминг во индустријата во однос на бројот на претплатници.

Мултинационалниот конгломерат Дизни+ со седиште во САД доби 14,4 милиони нови претплатници во текот на третиот фискален квартал.

Спротивно на тоа, извештајот за финансиските резултати на Нетфликс објавен на 19 јули покажа дека има 220,6 милиони глобални претплатници во периодот април-јуни оваа година.

Нетфликс изгуби 200.000 претплатници во првите три месеци од годината, што всушност беше прва загуба на корисници од октомври 2011 година.

Но полош резултат имаше во вториот квартал кога изгуби дополнителни 1 милион претплатници. Сепак ова е пониско од прогнозата од 2 милиони, се вели во финансискиот извештај.

TRT Balkan / агенции
Популарни