Од неговото лансирање во ноември 2019 година, Дизни+ забележа експоненцијален раст на бројот на претплатници Фото: Ројтерс

Стриминг сервисот Дизни+ за првпат го надмина својот најголем ривал Нетфликс по бројот на претплатници глобално. Компанијата со седиште во САД соопшти дека има 221 милион претплатници наспроти 220,6 колку што има ривалот Нетфликс.

Ова е првпат некоја услуга за стриминг да го надмине Нетфликс во вкупни претплатници и го прави Дизни+ најголемиот давател на услуги за стриминг во индустријата во однос на бројот на претплатници.

Мултинационалниот конгломерат Дизни+ со седиште во САД доби 14,4 милиони нови претплатници во текот на третиот фискален квартал.

„Сега имаме 221 милион вкупни претплати низ нашите понуди за стриминг“, објави компанијата во својот финансиски извештај.

Спротивно на тоа, извештајот за финансиските резултати на Нетфликс објавен на 19 јули покажа дека има 220,6 милиони глобални претплатници во периодот април-јуни оваа година.

Нетфликс изгуби 200.000 претплатници во првите три месеци од годината, што всушност беше прва загуба на корисници од октомври 2011 година.

Но полош резултат имаше во вториот квартал кога изгуби дополнителни 1 милион претплатници. Сепак ова е пониско од прогнозата од 2 милиони, се вели во финансискиот извештај.

Во 2017 година, Дизни се заложи за изградба на услуга за стриминг за да му се спротивстави на Нетфликс, бидејќи публиката се пресели на онлајн гледање од традиционалната кабловска и емитувана телевизија.

Од неговото лансирање во ноември 2019 година, Дизни+ забележа експоненцијален раст на бројот на претплатници, бидејќи неговото портфолио се протега од популарната франшиза Војна на ѕвездите до Марвел.

Цената на акциите на компанијата Волт Дизни порасна за 7,6% во претпазарното тргување во четвртокот на Њујоршката берза, додека акциите на Нетфликс паднаа за 0,4%.

Приходите на компанијата достигнаа 21,5 милијарди долари во периодот април-јуни од годината, што е за 26% повеќе од 17 милијарди долари во истиот период минатата година.

TRT Balkan / агенции
Популарни