Шефот на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала изјави дека е „помал оптимист“ за светската трговија во 2024 година, укажувајќи на тензиите во Црвеното Море.
Шефот на меѓународната трговска организација во средата рече дека послабиот глобален економски раст, „влошувањето на геополитичките тензии, новите нарушувања што ги гледаме во Црвеното Море, на Суецкиот канал и на Панамскиот канал“ значат „ние сме помалку оптимисти“.
Таа зборуваше за новинарите на Светскиот економски форум во швајцарското одморалиште Давос, каде политичките и економските елити се состануваат за да разговараат за глобалните предизвици.
Пред нападот на Хамас врз Израел во октомври и последователното избивање на израелската масовна агресија во Газа, СТО предвиде дека трговијата ќе порасне за 0,8 проценти во 2023 година и предвидуваше раст од 3,3 проценти оваа година.
Но Оконџо-Ивеала предупреди дека бројката за 2024 година сега ќе биде помала во идните прогнози.
Нарушен виталниот трговски пат
„Сметаме дека има многу надолни ризици за прогнозите што ги направивме минатата година од 3,3 проценти од растот на обемот на стоката оваа година. Затоа, очекуваме послаби перформанси“, рече таа.
„Ќе ги ревидираме проценките за оваа година, но тие нема да бидат подготвени уште еден месец или нешто повеќе“, додаде Оконџо-Ивеала.
Низата напади на јеменската група Хути врз бродовите во Црвеното Море ја нарушија виталната трговска рута, додека најголемата суша во последните децении што го погоди Панамскиот канал ги принуди властите да го забават транзитот.
Хутите соопшти дека нивните напади се во знак на солидарност со Палестинците во Газа.
Нападите, сепак, предизвикаа и бродските компании да го избегнуваат Суецкиот канал.
Повеќе од 24.400 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во Газа во израелските бомбардирања и копнени напади од 7 октомври, според локалните здравствени власти.