Турскиот извоз на Балканот во 10-те месеци од годинава е зголемен за 21,8 отсто во однос на истиот период минатата година и достигна 17,28 милијарди долари. Најголем извоз е остварен во Романија (5,2 милијарди долари), додека најголем пораст на извозот во однос на истиот период минатата година е забележан кон Црна Гора.
Според податоците добиени од Собранието на турски извозници (ТИМ), за 10-те месеци од оваа година кон балканските земји е остварен извоз од 17 милијарди и 286 милиони долари, меѓу кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.
Во истиот период минатата година таа бројка беше на ниво од 14 милијарди и 188 милиони долари. Според ова, извозот на Балканот во однос на мината година е зголемен за 21,8 отсто.
Најголем извоз во споменатиот период меѓу балканските земји е остварен во Романија (5,22 милијарди долари), потоа во Бугарија (3,76 милијарди долари), Грција (2,38 милијарди долари), Србија (1,43 милијарди долари) и во Словенија (1,36 милиони долари).
Во останатите земји од регионот извозот беше помал од една милијарда долари - во Албанија (836,63 милиони долари), Босна и Херцеговина (602,47 милиони долари), Северна Македонија (537,75 милиони долари), Косово (520,38 милиони долари), Хрватска (482,64 милиони долари) и во Црна Гора (128,12 милиони долари).
Најголем пораст на извозот во Црна Гора
Извозот на подрачјето на Балканот порасна во 10 земји во периодот јануари - октомври оваа година во однос на истиот период во 2021 година. Во една земја е намален.
Во овој период најголем раст на извозот е остварен во Црна Гора, 49 отсто. По Црна Гора, земја со најголем пораст на турскиот извоз меѓу балканските земји е Албанија со 43,8 отсто.
Извозот кон Романија е зголемен за 32 отсто, во Бугарија за 29,4 отсто, во Северна Македонија за 26 отсто, во Хрватска за 25,9 отсто, во Србија за 24 отсто, во Косово за 21,8 отсто, во Босна и Херцеговина за 18,9 отсто и во Грција за 2,2 отсто. Извозот во Словенија е намален за 2,2 отсто.
Речиси половина од извозот во регионот доаѓа од Истанбул
Кога станува збор за извозот во земјите од Балканот врз основа на градови најголем е од Истанбул, односно изнесува 8,2 милијарди долари.
Со овој износ, Истанбул учествувал со 48 отсто од извозот од 17,28 милијарди долари во балканските земји.
Што се извезува?
Секторот за хемиски материјали и производи оствари најголем извоз на подрачјето на Балканот. Во овој период, овој сектор во земјите на Балканот извезе 3,12 милијарди долари.
По овој сектор следуваат секторот за челик, автомобилската индустрија, секторот за црни и обоени метали, електричната енергија и електрониката.