Најголем раст на цените е забележан во Унгарија (66 отсто), потоа Литванија (33 отсто) и Естонија и Словачка (32 отсто).          Фото: Ројтерс

Европскиот завод за статистика (Евростат) денеска објави дека лебот во целата Европска унија (ЕУ) никогаш не бил поскап од сега.

Евростат истакна дека цените на храната драстично се зголемија низ Унијата поради, како што велат, руската инвазија на Украина, која значително ги наруши глобалните пазари.

Во соопштението за медиумите се наведува дека Русија и Украина се главните извозници на маслодајни семиња и ѓубрива.

Минатиот месец годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 9,1 отсто, што е историски максимум, додека цената на лебот во ЕУ порасна за 18 отсто во споредба со август 2021 година.

Најголем раст на цените е забележан во Унгарија (66 отсто), потоа Литванија (33 отсто) и Естонија и Словачка (32 отсто).

AA
Популарни