Kожа од печурки која можеби е подобра и од „оригиналот“     Фото: Courtesy of Stella McCartney

Кожата нека се пази, во игра има нов натпреварувач, кожата направена од мицелиумот на габите, е на добар пат да ги освои потрошувачите кои се еколошки освестени. Мицелиумот или мрежата од вегетацијата на габите може да се одгледува како имитација на телешка или овча кожа.

Доктор Мат Скалин, директор на компанијата за биоматеријали Мајковоркс (MycoWorks), предвидува дека кожата од печурки може да биде одржливо решение кое ќе промени се, ќе овозможи иднина во дизајнот која ќе започне со материјалот, а не со формата-посочи тој за Гардијан пред да го одржи говорот на Конференцијата за гласови на бизнисот во модата во Оксфордшир.

Хермес, традиционалиот производител на кожни чанти и облека соработуваше со Мајковоркс на кожа од мицелиум што ја нарекуваат „Силванија“.

„Тоа е ексклузивна соработка на Хермес и Мајковоркс и првиот предмет направен со „Fine Mycelium“, патентирана технологија што овозможува мрежата повеќе да расте“.

„Може да предизвика ист емотивен одговор како животинската кожа. Го има она чувство на реткост“, вели Скалин.

Според Џејмс Ф. Мар, создавањето кожа е трудоинтензивен и финансиски неефикасен процес, настрана влијанието врз животната средина од хемикалиите за потемнување кои се и најголем дел од проблемот.

Мар, исто така, пишува дека „додека алтернативите за веганска кожа заснована на пластика постоеле од експлозијата на употребата на пластика во 1940-тите и 50-тите години, мицелиумот ветува многу во надминување на кожата од пластика“.

Заедно со „дежурните виновници“ дизајнерите Вивиен Вествуд и Томи Хилфигер, Конференцијата за гласови на бизнисот во модата исто така е домаќин на Мерлин Шелдрејк, биолог и автор на „Испреплетени животи: Како фунгите го прават нашиот свет, ги менуваат нашите умови, и ја обликуваат нашата иднина“. Шелдреј вели дека е заинтересиран да дискутира со луѓето од креативните индустрии за тоа како можностите што ги нудат фунгите може да отворат размислување за нови идеи.

Шелдрејк додава дека е „возбуден што го поддржува модниот свет во неговите напори да стане поодржлив. Има толку многу потенцијал кај габите да се надминат некои од проблемите со кои се соочуваме“.

Извештајот за луксузни кожни производи на Статиста забележува дека „Сегментот луксузни кожни производи сочинува 15% од приходите во 2019 година“. Со приход од 48 милијарди долари што се очекува да се зголеми на 64 милијарди долари до 2025 година, кожата е добар избор кој одлично проаѓа. Но, нејзината замена е одржлива, одлична за животната средина, и е еднакво луксузна алтернатива.

Мајковоркс не е единствениот конкурент. Исто тука е и Мајло Унледер произведена од Болт Тредс, кои на нивниот веб сајт посочуваат дека нивната технологија не користи полимери базирани на нафта, нема токсични процеси, материјали кои не се биоразградливи и дека се насочува кон обновливи инпути, зелена хемија, и природни материјали.

Болт Тредс има соработувано со познатиот вегански моден дизајнер Стела Мекартни на торба, моделот Фрејм Мајло за нејзината колекција „Пролет-Лето 2022“.

Кожата од печурки сè уште не е толку евтина и во изобилие како говедската кожа, и затоа нејзиното влијание врз благосостојбата на Земјата е спорно во моментов. „Ние прво работиме со луксузната мода бидејќи тие се пред времето кога станува збор за одржливоста“, вели Скалин.

„Тоа се брендови кои се во позиција да размислуваат на големо и да размислуваат долгорочно“.

Сепак, Мајковоркс сугерира дека планираат наскоро да работат со брендови за масовен пазар, со втора фабрика во САД. Додека мицелиумската кожа наскоро би можела да се носи или да се појави како навлака за автомобилски седишта, Скалин предупредува дека компаниите кои користат кожа од мицелиум, исто така, треба да размислуваат одржливо додека ја вградуваат суровината во нивните крајни дизајни.

„Можеме да донесеме биоразградливост на брендовите, но има голем проблем во индустријата со одржливо размислување за готовиот производ“, посочува тој.

Шелдрејк вели дека испитувањето на габите нè насочува да го реформираме начинот на кој размислуваме за отпадот. Доколку габите не функционираа така, нашата планета ќе беше натрупана во височина со метри и метри со тела на мртви животни и растенија.

Тој смета дека новиот материјал може да влијае повеќе на нас отколку само да не искушува со следното возбудливо купување.

„Ние сме обучени како потрошувачи да размислуваме праволиниски кога купуваме нешто, го користиме и потоа го фрламе. Габите можат да го подобрат размислувањето за модата на многу нивоа. Ова е значајно за материјалните иновации, но исто така е и важно за културата на бескрајно создавање нови производи и што можеме да научиме во контекст на природа и нејзините циклуси.

TRT World
Популарни